Од утре поскапува паркингот во Охрид.
Oд утре 1 март цената за еден час паркинг во Премиум зоната се враќа на старата цена од 60 денари. До денес 28 февруари е на важност одлуката на Општината Охрид за намалување на цената за паркирање во Премиум зоната која изнесува 30 денари за еден час паркирање и која беше донесена по барање на Здружението на угостители "Охридски Еснаф" со цел ублажување на последиците и загубите кои секојдневно ги генерираа угостителите поради Ковид-19, информираат од ЈП „Билјанини извори“ Охрид.