Од утре започнува реконструкција на улицата „Јане Сандански“

Сподели

Од понеделник 01.03.2021 започнуваат подготвителни работи за уште еден голем инфраструктурен проект, комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“ од кружниот тек на булевар „Туристичка“ до кружниот тек кај Болничкиот комплекс и промена на водоводната азбестна линија.

 

Општина Охрид ја информира јавноста дека ќе се врши остранување на дрворедот и поради непречено одвивање на планираните зафати, се упатува молба до сите учесници во сообраќајот, да ги отстранат паркираните моторни возила и да не паркираат на оваа улица.

Забраната за паркирање на овој потег ќе важи од 01.03.2021 година до завршување на предвидените активности. Моторните возила кои нема да бидат навремено отстранети ќе бидат отстранети со асистенција на пајак-службата.