Полициски контроли и казни за неносење заштитни маски

Сподели

53 казни за граѓани и 67 контроли по кафеаните.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 53 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-13, Струга-09, Кичево-30, Дебар-01).
- Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 67 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-13, Струга-16, Кичево-38), информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.