Тешка сообраќајка кај Песочан
- Детали
- Објавено на Понеделник, 01 Март 2021 12:57
На 28.02.2021 во 13.30 часот, на магистралниот пат Охрид - Кичево, во близина на селото Песочани, општина Дебарца, патничко возило „шевролет“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(78) од Струга, изгубило конртола и излетало од патот.
Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.М.(63) од струшкото село Лабуништа и Д.Ф.(24) од Струга, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на Јавен обвинител, на местото на незгодата увид извршила екипа од СВР Охрид.