Силен земјотрес во Грција ги вознемири охриѓани

Сподели

Силен замјотрес во Грција почуствуван во Охрид.

Земјотрес со јаина од 6,3 степени според Европската сеизмичка скала со епивцентар во Лариса соседна Грција ги вознемири жителите на Охрид и регионот. 

Земјотресот се случи во 11 часот а епицентарот е на 24 километри од Лариса. 

 

Илјадници луѓе избегаа на улица, јави грчката државна телевизија ЕРТ и порталите во погодените региони.

 

Според наводи на Институтот за геодинамика во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 10 километри под површината на земјата, во регионот на местото Еласона, во близина на градот Лариса. Потресот се почувствува во цела Грција, како и околните земји.

 

Полицијата и противпожарните служби, како и локалните власти, се во потрага по повредени лица, а ги регистрираат и материјалните штети. „Земјотресот беше многу силен и траеше долго“, рече регионалниот гувернер Костас Агорастос за грчката телевизија.

 

Населението во Лариса е повикано да не се враќа во домовите, поради силните афтершокови по првиот потрес, од кои два имаа јачина од 5 степени.