Притворени разбојниците што ограбија охриѓанец

Сподели

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Б.(19) и А.С.(22), двајцата од Охрид а судија на претходна постапка им одреди мерка „притвор“ во траење од 30 дена.

Пријавените, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, на 28.02.2021 година околу 21 часот, на крстосницата помеѓу улиците „Серафим Китаноски“ и „Војдан Чернодрински“ во Охрид, физички го нападнале Ф.К.(31) од Охрид и со закана му одзеле мобилен телефон и две банкарски картички, од кои подоцна подигнале пари. Со извршувањето на казненото дело, се стекнале со противправна имотна корист од 30.000 денари, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.