Се откажуваат резервации и за оваа сезона

Сподели

Влошувањето на состојбата со пандемијата на светско ниво   предизвика откажување на  резервациите на брегот на Охридското езеро.

Гостите  од Америка кои  требаше да доаѓаат во април ги одложија резервациите за јули годинава.

Засега е неизвесно  дали ќе се одложуваат и резервациите од европските тур оператори.  Туристи во Охрид  има единствено за викенди и тоа од  земјава и од регионот.

„ Имаме откажувања поради самата состојба на глобано ниво, не на домашно или балканско туку на глобално ниво. Откажаа поголемиот дел од резервациите со кои ние соработуваме, пример со Аериканците засега се` до јули ни е знак прашалник. Најчесто имаме гости само за викенди  и тие се најчесто од соседните земји Албанија, Србија поретко од Црна Гора и наши домашни гости“,  вели Маријан Трпески хотелски работник.

Ограниченото работно време и рестрикциите   во хотелските и угостителските капацитети, веќе една година  се дополнително оптоварување.

„Не можеме ди џеј да поканиме, не може бенд во живо,  не смее гласна музика. Тоа е голема загуба од друга страна работиме до 21 часот,  најголемиот дел од луѓето односно потрошувачите се после 21 часот. Ние сме во огроомни загуби кои се претставени пред минисетсртвото како ти ќе се санираат ќе видиме понатака“, додава Трпески.

Пандемијата нанесе огромни  штети  на целата економија, но туристикото стопанство е едно од најпогодените.  Голем дел од хотелсксите  и угостителските капацитети на брегот на Охридското се` уште се затворени. Неизвесно е дали оваа сезона ќе биде подобра од лани, кога бројот на странски туристи беше намален за 70%.

Новинар Соња Рилковска