Се проширува модуларната болница во Охрид, 55 дополнителни легла
- Детали
- Објавено на Понеделник, 08 Март 2021 10:10
Се проширува модуларната болница во Охрид.
Вчера пристигнаа уште 9 контењери со што капацитетот на модуларната болница ќе се зголеми на вкупно 55 легла. „Моментално има слободни кревети во модуларната болница, која е отворена за ковид пациенти. Имаме лекари, интернисти, пулмолог и инфектолог кои знаат да проценат кога некој е за хоспитализација а кога не е. “ - изјави директорот Др Горан Балевски.
Да се надеваме дека во што поскоро време ќе го снема овој зол вирус и оваа модуларна Ковид болница ќе прерасне во поинаков тип на болничка установа, додава Балевски.