Пон04122021

Последна промена09:39:48 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Одложена иложбата „Жени сликарки“

Одложена иложбата „Жени сликарки“

Сподели

Одложена иложбата „Жени сликарки“ .

 

Меѓународниот ден на жените, популарно наречен Осми март е празник на економските, политичките и општествените достигнувања на жените. Идејата да се одбележува овој празник се појавила во почетокот на 20 век во време на индустријализацијата и економската експанзија која често доведувала до протести поради лошите работни услови.
Протести на осми март најпознати биле во 1908 година, кога 15.000 жени марширале низ Њујорк барајќи работно време, подобри плати и право на глас. Првата меѓународна женска конференција е одржана во Копенхаген во 1910 година во организација на Социјалистичката Интернационала.

Празникот е утврден на предлог на славната германска политичарка и борец за човекови права Клара Цеткин. Веќе идната година празникот го одбележале милиони луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.

Женски Центар Бисер, секоја година традиционално го одбележува Меѓународниот ден на жената 8 ми Март, со организирање на изложба на сликарки од Охрид, која се одржува на 7 ми Март.

Оваа година со големо жалење, поради пандемијата од Ковид 19, изложбате не е во можност да се одржи.

Упатуваме честитки и голем поздрав до сите сликарки и жени, пишуваат од ЖЦ Бисера. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK