Вто06022020

Последна промена10:35:47 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Комуналните редари ќе работат во две смени

Комуналните редари ќе работат во две смени

Сподели

Комуналната инспекција и редарските служби при општинскиот инспекторат од Понеделник 10.02.2014 год. ќе работат во две смени со цел да се врши поголема контрола на јавната чистота.

 

Сите несовесни граѓани кои ќе бидат затекнати како фрлаат отпад, градежен шут или зелен отпад на несоодветни места или притоа ја загадуваат и нагрдуваат околината, ќе бидат казнети согласно Законот за јавна чистота.

Исто така напоменуваме дека сопствениците на приватни имоти да се придржуваат на членот 6 од Законот за јавна чистота кој гласи :

 „Корисниците, односно сопствениците на отворените простории на јавните објекти и на дворните површини на колективните и идивудуалните објекти за домување, се должни истите уредно да ги одржуваат на начин со кој не се нагрдува и деградира просторот во урбаните средини и редовно да го отстрануваат сметот од истите“.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK