Охридски автобус возел со неисправни кочници
- Детали
- Објавено на Четврток, 01 Април 2021 18:34
Дефектот бил откриен по вонредниот технички преглед.
Полицијата вчера ги контролирала автобусите и другите возила по патиштата а сите непрописности ги казнувала.
- Вчера во периодот од 07 до 12 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се сообраќајни контроли, при што полициските службеници во Охрид санкционирале 08 возачи поради неправилно паркирање на моторно возило, на вонреден течнички преглед упатиле 08 автобуси при што, кај 01 автобус бил констатиран неисправен уред за запирање, изјави портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.
Во Струга, контролирани се 28 автобуси и санкционирани се 09 возачи поради неправилно паркирани моторни возила. Полициските службеници во Кичево евидентирале 01 возач кој бесправно управувал моторно возило, а во Дебар санкционирани се 01 возач кој управувал технички неисправно моторно возило и 01 возач кој поседувал сообраќајни документи со измината важност, соопшти портпаролот Димоски.