Пон04122021

Последна промена07:52:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Сопствениците на „Зора“ се уште чекаат комисија да го испита случајот со хотелот „Св. Стефан“

Сопствениците на „Зора“ се уште чекаат комисија да го испита случајот со хотелот „Св. Стефан“

Сподели

Сопствениците на „Зора“ се` уште чекаат  засебна комисија да го испита случајот со хотелот кај Свети Стефан. 

 -Ќе се отвори во Охрид Пандорината кутија или ќе оставиме службениците во јавните институции кои ги гласаме и плаќаме од приватниот сектор, да не држат во раце наместо да одговараат на нашите барања! Мораше ли нашите предци да го врват тоа, мораме ли ние, мора ли нашите деца!? УНЕСКО да, паразити и мечки не! Службениците во држаниот сектор или да си ја вршат работата или да си отворат приватни фирми и да ни покажат  како треба да се плати данок за да функционира заедницата, наречена Држава, ова на својот  фејсбук профил го објави  Бранко Ѓоргоски сопственикот на компанијата Зора од Охрид. 

Пред два дена сопствениците на  компанијата „Зора“ од Охрид  започнаа протест,  откако   им е стопирана изградбата на хотелот во месноста Свети Стефан.  

11 години, велат  се заглавени во урбанстички лавиринти. Пред три години добиле одобрение за градба, а хотелскиот комплекс е изграден  речиси една четвртина.

 Наместо да добијат одобрение за втора фаза  изградбата им е стопирана, со образложение дека  треба да чекаат нов план за просторно уредување.

- „Ни се загрозува егзистенцијата на фирмата, затоа ние се одлучивме да протестираме од денеска додека се утврди правното решене што понатака. Вчера имавме состанок со градоначалникот тој предлага решенија,  но ние ќе протестираме додека се најде соодветно решение да може да продолжи градбата и понатака“ , вели Стојан Ѓоргоски сопственик на компанијата „Зора“.

Досега   во објектот вложиле 3 милиони евра, од вкупната  инвестиција од 11 милини евра. Планот е да се вработат 150 лица од регионот. Оваа домашна инвестиција сега е осудена на пропаст, затади неправилности во одделението за урбанизам, се жали Горгоски.

-„Нас ни зависи егзистенцијата на фирмата од оваа инвестиција која ќе чинеше 11 милиони евра а о ена да се вработат на 150 вработени Тоа требаше да се случи но заради неправилности во работењето на секторот за урбанизам ние сме во ќор сокак“  , додава Ѓоргоски.

Сопствениците на хотелот бараат   засебна комисија да го испита нивниот случај, бидејки како што тврдат ги имаат сите  потребни документи за реализација на инвестицијата. 

„Има доста неправилности во документацијата  го повикувам премиерот да формира комисија и да ја испита работата “, додава Ѓорѓоски.

Семејството Ѓоргоски прифаќаат и намалување на габаритот на објектот  од П  плус 5 на П плус 3  согласно препораките на Унеско, но бараат да продолжи  со градба, бидејки објектот не е во заштитената зона односно се наоѓа на 100 метри од езерскиот брег.

Сопственците на „Зора“ велат чекаат одговор од надлежните. 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK