Пон04122021

Последна промена07:52:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Георгиески изрази сочувство за починатото момче од Охрид, апелира да се почитуваат препорките

Георгиески изрази сочувство за починатото момче од Охрид, апелира да се почитуваат препорките

Сподели

Градоначалникот на Охрид изрази сочувство за смртта на младото момче од Охрид , а воедно и апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот. 

 

- Како последица од Ковид 19 денеска згасна уште еден млад живот. Со големо жалење ја примив веста за смртта на младото 28 годишно момче од Охрид. Упатувам сочувство до неговото семејство и до сите наши сограѓани кои изгубија свои блиски како последица на пандемијата. Исто така упатувам пораки за добро здравје и трпение до сите сограѓани кои во моментот ја водат битката со вирусот.
Уште еднаш апелирам за максимално почитување на актуелните мерки за заштита и превенција. Да бидеме внимателни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот Георгиески. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK