Возачите пребрзо возат,опасностите се големи
- Детали
- Објавено на Понеделник, 05 Април 2021 13:11
Полицијата го „стега обрачот“ околу несовесните во сообраќајот и казнува.
Полицијата интензивно е на патиштата и врши контроли но и казнува. Портпаролот на СВР Охрид м-р Стефан Димоски, вели дека ред и дисциплина во сообраќајот мора да има а возачите и другите учесници, мора максимално да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и токму затоа, сообраќајните контроли ќе бидат и понатаму интензивни.
Портпаролот Димоски информира дека вчера во времето од 12 до 18 часот, при извршени контроли во сообраќајот, полициските службеници во Охрид регистрирале 31 пречекорување на дозволената брзина на движење (03 надвор од населено место и 28 во населено место), во Струга вкупно 32 (10-надвор од населено место и 22 во населено место) а во Дебар 05 непридржувања до пропишаната брзина на движење надвор од населено место. Возачите кои управувале моторно возило над дозволената брзина се соодветно санкционирани.