Пон04122021

Последна промена09:39:48 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Агенцијата за туризам: Инвестициите во туризмот да бидат јавни и транспарентни

Агенцијата за туризам: Инвестициите во туризмот да бидат јавни и транспарентни

Сподели

Туристичкикиот развој треба да соодвејствува со самата туристичка дестинација.

Инвестициите да бидат во склад со препораките на УНЕСКО, но никако не смеат да се одолговлекуваат или стопираат. Ова е ставот на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот , после стопирањето на хотелот на компанијата „Зора“ во населбата Свети Стефан во Охрид. 

 

Јаневски: Домашниот туризам ќе успее да влее повеќе од 200 милиони долари

-„Сите инвестиции во туризмот треба да бидат во сооднос и незагрозување на светското природно и културно наследство. Постапките треба да бидат транспаранетни,  а истите да помогнат на потенцијалните инвеститори да вложуваат во нови туристички капацитети.  Инвестициите во туризмот треба да ја збогатат  понудата на брегот на Охридското езеро,  но и да бидт во склад до природата. Апелираме што повеќе вложување во хотели со зелена маркица кои што ке привлечат друга целна група на туристи и ке овозможат одржливост на дестинацијата од секој аспект“, вели Љупчо Јаневски директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот. 

Условите и постапките за инвестиции треба да бидат едноставни, јавни и транспарентни, а  инвеститорите да се мотивираат и охрабрат да вложуваат во нови  современи хотелски капацитети, вели Јаневски. 

Сопствениците на компанијата „Зора“ од минатата недела бараат вонредна инспекциска комисија да го испита нивниот случај. Тврдат дека ги имаат сите законски документи за изградба на хотелскиот комплекс во населбата Свети Стефан. 

-„11 години војуваме битка за да изградиме хотел. Станува збор за инвестиција вредна 11 милиони евра. Досега е завршена првата фаза од градбата, а вложени се 3 милиони евра. Нашата инвестиција е доведена во ќор сокак, стопирана од надлежните. Објектот што го градиме е на 100 метри од брегот на Охриското езеро, се согласуваме со намалување на катноста, но  од клучно значење за опстанокот на нашата компанија е да продолжиме со изградба“, ппотенцира Стојан Ѓоргоски сопственик на компанијата „Зора“. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK