„Застава“ се запали кај Подмолје
- Детали
- Објавено на Среда, 07 Април 2021 13:30
Во пожарот што го зафати возилото, нема повредени.
Патничко возило „Застава“, поради дефект вчера се запалило при возење, за среќа патниците брзо излегле од колата. Според соопштението од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Охрид, во 16,24 часот во СВР Охрид пријавено е дека на патот во изгрaдба Охрид-Струга, во близина на селото Подмолје, настанал пожар во патничко возило во движење „Застава“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Л.Р.(50) од Охрид.
- Извршен е увид, а пожарот во кој нема повредени лица, е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.