Пон04122021

Последна промена07:52:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Георѓиески: Здравствените работници се нашите најхрабри херои!

Георѓиески: Здравствените работници се нашите најхрабри херои!

Сподели

На Светскиот ден на здравството, кој втора година се одбележува во пандемија градоначалникот на Охрид  со порака ги поддржа здравствените работници.

 

-Најголемиот здравствен предизвик во историјата на човештвото ни покажа дека здравствените работници се нашите најхрабри херои. Преку својот неуморен хуман ангажман, повеќе од една година го ставааат на располагање целокупниот човечки и професионален капацитет и затоа заслужуваат највисоко вредување и почит. Тие се најсилниот столб на нашиот здравствен систем и најважната алка во здравствената заштита.
Во мое лично име и во името на Општина Охрид до сите здравствени работници кои се посветени на грижата за здравјето и животот на граѓаните упатувам неизмерна благодарност и искрени честитки по повод 7-ми април, Светскиот ден на здравјето!
Ви посакувам пред се добро здравје, сила и истрајност со желби за многу успеси и подобри услови за работа!, напиша градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиески. 

И ЈЗУ Оппшта болница Охрид со порака го честитаа Денот на здравјето. 

Во 1948 г. Светската Здравствена Организација (СЗО) го одржала своето Здравствено собрание, на кое е решено 7 април секоја година да се одбележува како ден на здравјето, почнувајќи од 1950 г.
Овој ден е датумот кога е основана СЗО и таа пригода се смета за прилика да се привлече меѓународно внимание на здравствените проблеми со кои се соочува Светот и да се подигне јавната свест за здравствените проблеми.

Грижете се за себе, бидете здрави и секогаш верувајте дека може да бидете успешни во она што навистина го посакувате, бидејќи здравите граѓани се најголемото богатство што секоја Земја може да го има.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK