Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Симулациска вежба за размена на информации во Охрид

Симулациска вежба за размена на информации во Охрид

Сподели

Деновиве во Охрид  „Симулациска вежба за размена на информации во реално време“ за регионот на Западен Балкан, организирана со заедничка координација и поддршка на Министерството за внатрешни работи и на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Воведно обраќање на вежбата имаше помошник директорот на Одделот за униформирана полиција во Бирото за јавна безбедност Шефик Бајрами, кој потенцира дека Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности, остварува полициска соработка со службите за спроведување на законот на земјите од Западен Балкан и пошироко, преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка.

 „Симулациска вежба за размена на информации во реално време“во Охрид

„Секторот за меѓународна полициска соработка при Министерството за внатрешни работи учествува во координирање и спроведување на активностите со странските криминалистички полициски служби и меѓународните организации, во борбата против организираниот криминал, тероризмот и другите видови сериозен криминал. Преку своите активности, Секторот за меѓународна полициска соработка учествува во размена на оперативни информации и сите расположливи информации обезбедени преку учество во проекти, операции, работни групи, билатерална размена на информации, достапни меѓународни бази на податоци, ги споделува со надлежните оперативни организациони единици во МВР и други органи надлежни за спроведување на законот во Република Северна Македонија, со што се зајакнува борбата против криминалот. Исто така, се разменуваат и информации добиени од националните единици со странските надлежни институции“, рече Бајрами.

Гарантирањето на безбедноста и сигурноста на нашите граѓани, рече Бајрами, отсекогаш била и ќе остане приоритет за сите нас.

„Во името на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, дозволете ми да потенцирам дека остануваме целосно посветени и дека работиме со несмален интензитет, посветеност и одговорна работа за реализација на сите активности насочени кон бескомпромисна борба против криминалот. Во однос на настанот за кој што сме дојдени денес, сигурен сум дека ќе бидеме успешни во работата, особено имајќи предвид дека сите ние сме практичари, полициски службеници кои многу добро знаат и самите кои се предизвиците во размената на информации и како можеме истите да ги надминеме. Извештајот за начинот на размена на информации во реално време кој ќе биде подготвен од страна на претставниците на проектот за борба против сериозен криминал ИПА2019 и за што би сакал да упатам посебна благодарност ќе претставува еден вид Патоказ за патот напред, ќе ги идентификува добрите пракси и ќе ги посочи областите каде што е потребно подобрување“, рече Бајрами.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK