Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид 100 КУЛТУРНИ ЗНАМЕНИТОСТИ ВО ОХРИД ДОБИЈА ИНФОРМАТИВНИ ТАБЛИ СО QR КОД

100 КУЛТУРНИ ЗНАМЕНИТОСТИ ВО ОХРИД ДОБИЈА ИНФОРМАТИВНИ ТАБЛИ СО QR КОД

Сподели

Општина Охрид постави современи информативни табли со QR код на 100 објекти од културно значење, како дел од Проектот за дигитализација и промоција на културното наследство „Интеррегионално управување со културно наследство, Е-Системи“-„ИРЦ -ХЕРМЕС“.

 

Туристите и жителите на градот ќе можат преку скенирање на кодот да добијат информации кои се значајни за објектот од културно наследство. Ваков вид на информативни табли за прв пат се поставени на културни објекти во нашата држава, а со имплементација на овој проект Охрид е пионер во дигитализација на културното наследство.

Проектот „Интеррегионално управување со културно наследство, Е-Системи“-„ИРЦ -ХЕРМЕС“, општина Охрид го имплементира во партнерство со Универзитетот за технологија од Кипар, Истражувачкиот и иновативен центар за информации, комуникација и технологии од Атина, општините Самос и Крф од Грција, „ЕЛЕТ“ од Грција и Ауледа од Албанија.

Проектот е финансиран од програмата „Интерег Балкан-Медитеран 2014-2020“ на Европската Унија и вклучува иновативен електронски систем за дигитализација на наследството, кој има добиено европска награда за иновативност. Освен во Охрид, културното наследство е дигитализирано и во уште три балкански градови, кои се под заштита на УНЕСКО од Грција и Албанија.

Освен дигитализација на културното наследство, проектот има за цел да придонесе и кон развојот на културниот туризам и едукација на младите и туристите за значењето на културното наследство. Како резултат на проектот, општина Охрид, за прв-пат доби дигитална мапа на културното наследство, во која се опфатени околу 130 објекти кои имаат посебно културно значење за градот. Податоците од овој систем може да се користат во насока на туристичка промоција, но и за други потреби на општината.

Базата на објекти кои ќе се евидентираат и понатаму ќе расте и ќе се развива во рамки на програмата на системот на ХЕРМЕС.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK