Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Леона Кичеец: Сакам чист Охрид, полн со млади луѓе исполнети со ентузијам

Леона Кичеец: Сакам чист Охрид, полн со млади луѓе исполнети со ентузијам

Сподели

Леона Кичеец, една од помладите кандидати за советник во општина Охрид, од независната листа Охрид пред се, вели „Сакам чист Охрид полн со млади луѓе“.

 


Што претставува Охрид за тебе?

Кичеец: За мене Охрид претставува најубавото место на светот,дом со кој се гордеам и место од кое ми е чест да кажам дека потекнувам.

Што прво би променила во Охрид?

Кичеец: Иако Охрид е совршен таков каков што е, сметам дека треба да се променат одредени работи за да го добие оној сјај што му доликува. Најпрво сметам дека треба да се промени начинот на кој што се управува, односно самите охриѓани да имаат поголемо влијание врз одлуките кои се клучни за градот. Понатаму сметам дека Охрид е лулка на културата и треба да се работи во насока на развивање на културата а тоа би се постигнало со отворање на младински центар, кино, театар и слично. Исто така како основна дејност - туризмот треба да биде промовиран и унапреден, а тоа би се случило со стимулирање на угстителите, туристичките работници бидејки Охрид е најголемиот туристички центар во земјава и  еден од најпознатите на Балканот.

Каков Охрид сакаш ти?

Кичеец: Сакам чист Охрид, полн со млади луѓе исполнети со ентузијам каде ја гледаат својата иднина својот просперитет. Охрид кој е пристапен за охриѓани, а ексклузивен за туристи.

Што те прави среќна? 

Кичеец: Среќна ме прави времето поминато со семејството, со  момчето, пријателите. Сакам да сум опкружена со луѓе и ако можам да им помогнам.

Каде ја гледаш својата иднина?

Кичеец: Својата иднина ја гледам во земјава, во Охрид во некоја област каде што би можела да придонесам за унапредување на човековите права, еднаквоста и правдата.

Зошто сакаш да си дел од Советот на општина Охрид?

Кичеец: Главниот мотив зошто се нафатив да бидам на оваа независна листа е тоа што сметам дека би можела да ги застапувам младите во советот. Денес советот претставува продолжена рака на политичките партии и во функција на поединечни интереси , сметам дека не смее да биде така. Круцијално е младите да се инволвираат во работата на советот.

Што најмногу те иритира?

Кичеец: Ме иритираат двојни стандарди, дискриминација по било кој основ, селективна правда и оној принцип партиска книшка за вработување.

Што би им порачала на охриѓани?

Кичеец: Охриѓани мислам дека се свесни за трендот со нзависните листи и би им препорачала да го дадат гласот за оние кои реално би ги застапувале во советот,  на оние кои општиот интерес им е пред партискиот едноставно за оние на кои Охрид им е пред се.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK