Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид „Охрид пред се“ со јасна визија за поубав Охрид

„Охрид пред се“ со јасна визија за поубав Охрид

Сподели

 

Кој е ставот на кандидатите за советници од „Охрид пред се“ на темите дивоградби, Унеско, развојот на туризмот, екологија, еконимија....

Нема достапен опис

Млади, но едуцирани и храбри  со јасна визија за еден поубав Охрид. Ова се нивните одговори на најгорливите прашања.....

ОхридНет: Дивоградбите и претераната урбанизација се клучните проблеми со кои Охрид се соочува?Има ли Охрид капацитет во следните две години да ги исполни препораките на УНЕСКО? 

Леона Кичеец Магистрант по меѓународно право и Административно право

Нема достапен опис

-Дивоградбите не се проблем само на Охрид, туку на цела држава, ако сакате на целиот Балкан.Тој проблем не е од денес и се провлекува од 60- сетите години кога започна миграцијата село град, а за таква масовно населување, градските средини не беа подготвени нити инфраструктурно, нити пак постоеа урбанистички планови, како би се институционализирала таа појава.
Секако и политичкиот систем  во минатото oвозможуваше градење како на индивидуални така и на комерцијални објекти кои беа без уредни постапки за издавање на дозволи за градба. Секако дека и фактот дека од 1982 г.до 2005 немаше донесено Генерален урбанистички план доведе до експанзија на диви градби.
Општина Охрид, како и другите општини, за решавање на овој проблем ги има механизмите, но заради социјалниот мир, за многу објекти прогледува низ прсти, а за комерцијалните објекти инспекциските служби не си ја вршеле работата, а и другите институции за прогон, повеќе од очигледно имаат затаено. Тоа резултирало со стотици нови дивоградби во Охрид.
УНЕСКО, најболните и најексплатирано прашање, за кое има и одговор, а тоа е дeка мораме да направиме се да останеме под заштита на УНЕСКО, но при тоа да Охрид има и одржлив развој, што би значело покрај исполнување на условите за развој на Охрид во сите сфери. Препораките на УНЕСКО, како инструмент од меѓународно правен карактер, се soft law, што значи дека не се правообврзувачки туку служат како насоки во однос на начинот на кој би требало да се реши тоа прашање. Секоја мерка треба да има конкретна цел и предмет кој се заштитува и да биде пропорционална на таа цел, без притоа да направи поголема штета, а за тоа најпрво би требало да се направи соодветна студија.
Условите на УНЕСКО, но заедно со интересите на граѓаните на Охрид.

ОхридНет: Депонијата Буково е рак рана на Охрид. Дива депонија која ова лето секојдневно гори и чади? Ваш став? 

Христијан Јолески
Дипломиран економист

 Нема достапен опис
-Депонијата треба да се дислоцира уште "вчера".
Словенија е прогласена за најчиста земја во светот. Таа е одалечена нецели 1000 км од Охрид и не треба да измислуваме ние топла вода. Треба само да се превземе нивното искуство во депонирање, селекција, преработка на отпадот, а граѓаните треба да знаат дека било која фабрика за отпад каде и да е изградена е подобра од постоечката депонија. Тука треба да се спомене дека современите фабрики за отпад се еколошки, вработуваат или ангажираат голем број на вработени, реплицираат материјали, произведуваат електрична енергија.
Ваква фабрика можеше да се изгради уште во 2007 г кога имаше преговори со австриска АСА. Но тоа е завршена работа. Општината и Владата заедно со соседните општини може да го реши овој проблем во само еден мандат.

ОхридНет: Туризмот како водечка стопанска гранка .... каков туризам заслужува Охрид?Треба ли поголема поддршка за туристичкиот сектор?

Милена Стојановска - Магистер по туризам

Нема достапен опис

-Македонија, не само Охрид има огромен туристички капацитет, но за жал кон туризмот како стопанска дејност се пристапува волонтерски и кампањски без никаква стратегија.Охрид може да планира што сака но без квалитетен закон и без Министерство за туризам тешко може да ја подобри состојбата во која се наоѓа.
Тоа значи дека во рамките на надлежностите на општината, може да се предвидат субвенци, забрзување на постапки па ете нека е и намалување натуристичката такса и низа мерки но доколку нема стратегија каков туризам сакаме и каков можеме да понудиме се ќе остане на скромни особено финансиски резултати.
Колку ни е потребен масовен или елитен туризам ( Тоа зависи од што можеме да понудиме, а да не е само природните убавини) платен или културен или верски туризам се е прашање на темелни анализи кои треба да се направат заедно со државата, а очигледно за тоа нема интерес и се се сведува на стихија.

ОхридНет  Како се троши буџетот на општина Охрид? Имате ли претстава го имате ли :разгледано го има на сајтот јавно објавен кое е Вашето мислење?

Филип Ристески - Магистер по економски науки

Нема достапен опис

Веќе е донесен буџетскиот календар и општинската администрација , без оглед на изборите, веќе треба да работи на новиот буџет за 2022г. Буџетот со мали измени ќе биде копија на претходниот, со изворните приходи, блок дотации и наменски дотации, истите програми многу слично како и претходниот.
Мислам дека најголем расходен дел ќе оди на плати на вработените, а најмалку на раздолжување.
Сигурни сме дека како советничка група ќе учествуваме во донесувањето на новиот буџет и ќе бидеме во можност да направиме измени како во приходниот така и во расходниот дел.

ОхридНет: Како треба да изгледа Советот на општината и како да работи?

Димитар Велјаноски - дипломиран економист

Нема достапен опис

Учествуваме на избори за да можеме Советот да го направи место за борба на идеи, дискусии и крајно на демократски начин донесување на одлуки кои ќе ги штитат правата и интересите на граѓаните на Општина Охрид , но за еднаков пристап на деловните субјекти пред општинските органи, почитувани ги законите а особено роковите за решавање на предметите
Работата на советот да биде ослободена од партиски и бизнис притисоци а советниците да одлучуваат согласно својата совест и со одговорност пред граѓаните кои ги избрале.

ОхридНет: Катните гаражи децениско ветување, остана сообраќајниот хаос?

Игор Трајаноски- студент на Факултетот за туризам

Нема достапен опис

Сообраќајот во Охрид, не може да се реши без сообраќајна студија, која пак се изработува најмалку за една година. Касно е за градење на нови улици или проширување на постоечките особено со ваков буџет што значи дека мораме да изнајдеме решенија во постојните услови. Секако дека голем проблем е и нашата сообраќајна култура, но не мо.еме да го решиме сообраќајниот хаос со парцијални решенија особено во летниот период. Секако дека е потребно паркинг место плус, но дали тоа е со катна гаража, монтажни во летниот период, употреба на велосипеди (за кои се потребни велосипедски патеки)или субвенциониран градски превоз тоа треба да покаже сообраќајната студија.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK