Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид „Охрид ТрчаТ“ со забележителни резултати на националното првенство

„Охрид ТрчаТ“ со забележителни резултати на националното првенство

Сподели

Во организација на Атлетска Федерација на Северна Македонија изминатиот викенд во Куманово се одржа Националното првенство за Млади пионери/ки, генерација 2008-2013.

Натпреварот се одржа на 09.10. (сабота) и на истиот Атлетскиот Клуб “Охрид трчаТ” учествуваше со вкупно 32 атлетичари. После одржувањето на натпреварот се одржа и традиционалниот атлетски натпревар по повод националниот празник 11 Октомври, Атлетски Митинг “11ти Октомври” во организација на Атлетски Клуб “Куманово” на кој АК “Охрид трчаТ” учествување со еден свој атлетичар.
На првенството за млади пионери АК “Охрид трчаТ” ги постигна следните позабележителни резултати:
• 60м. жени – 2ро место Јана Димоска , време 8,58сек;
• Скок во височина жени – 3то место Тамара Чолеска, 110цм;
• Скок во далечина жени – 1во место Јана Димоска, 3,76м;
• Ѓуле жени – 2ро место Сара Спасеска, 5,98м ;
• Ѓуле жени – 3то место Сара Петреска 5,64м ;
• Штафета 4х50м жени – (неофицијално 1во место, се чека официјална потрврда на резултатот од страна на АФМ)
После завршување на првенството се одржа горенаведениот атлетски митинг на кој нашиот учесник Владимир Пердулоски ги постигна следните резултати:

• 60м. мажи – 1во место Владимир Пердулоски, време 7.11сек ;
• Скок во далечина мажи- 3то место Владимир Пердулоски, 5,42м;

Резултатите на Владимир Пердулоски дополнително беа наградени со пехар како најзабележителни резултати на митингот постигнати во машка конкуренција.
Почитувани доколку имате дополнителни прашања или Ви се потребни информации обратете се на нашиот официјален е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на телефонскиот број 078/668-353 (Дејан Ангелоски).

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK