Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Божиноски: Охрид и охриѓани заслужуваат развојни проекти

Божиноски: Охрид и охриѓани заслужуваат развојни проекти

Сподели

Охрид и охриѓани заслужуваат развојни проекти, рече Перчо Божиновски кандидат за советник од ВМРО ДПМНЕ.

 

Гарантираме ИЗГРАДБА НА НОВА СОВРЕМЕНА ГРАДИНКА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОСТОЕЧКИТЕ ГРАДИНКИ. Проблемот со листите на чекање за запишување на децата во градинка мора да се реши. Во насока на континуирано и трајно решавање на овој проблем, Охрид има да добие нова современа градинка со која значително има да се зголеми капацитетот за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, додека за постоечките градинки следи реконструкција. Гарантираме ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕТСКИ СОВРЕМЕНИ ИГРАЛИШТА на повеќе локации во општината. Децата мора да имаат простор каде што ќе можат да уживаат во безгрижно детство. Гарантираме ИЗГРАДБА НА НОВИ МУЛТИФУНКЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ ИГРАЛИШТА. Во периодот што следи сакаме да придонесеме децата – нашата иднина, да имаат вистински можности за правилен раст и развој и затоа се определуваме за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики. Од таа причина, во Велгошти до спортската сала и во населбата Видобишта на постоечкото спортско игралиште се обврзуваме за изградба на нови мултифункционални игралишта со професионална подлога. По барање, пак, на граѓаните во согласност со нивните потреби, исти такви уште на две локации. Заокружи 7 за нова детска градинка, нови детски и спортски игралишта! Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи! 7 за Д-р Кирил Пецаков и мнозинство во Советот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, повика Божиноски.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK