Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Георгиевски: Континуирано вложуваме во спортот

Георгиевски: Континуирано вложуваме во спортот

Сподели

Во континуитет вложуваме средства за развој на спортот, за поддршка на спортските клубови, рече Константин Георгиевски кандидат за градоначалник на Охрид.

Исто така, значителна помош се обезбедува и за голем дел од спортските манифестации и настани во Охрид, кои се во насока на промоција на нашиот град, но и за поттикнување на здравите животни навики и збогатување на туристичката понуда. Само оваа година од буџетот на општината беа издвоени 27 милиони денари за спорт, од кои 9 милиони денари за ракометниот клуб „Охрид“ кој е прволигаш, 6 милиони денари за Фудбалскиот клуб „Охрид“, 2,7 милиони денари за фудбаскиот клуб „Воска“, а со остатокот од средствата се субвенцираат фудбалски школи и разни други спортови. Преку голема посветеност, обезбедивме изградба на нова трибина на источната страна на градскиот стадион „Билјанини извори“ во вредност на 1 милион евра. Трибината има капацитет од 1480 седишта и е изградена по сите современи стандарди. Оваа инфраструктурна инвестиција е голема придобивка за нашиот град, за развојот на спортот и обезбедување на посовремени условите за спортски туризам. Во текот на претстојниот мандат градиме уште една нова трибина на стадионот „Билјанини извори“ од западната страна на стадионот и поставување на две нови монтажни трибини. Со ова, Охрид ќе добие функционална и современа фудбалска арена со 5000 седишта, на која ќе може да се играат натпревари од највисока категорија. Како што информиравме претходно, продолжуваме да инвестираме во нова спортска и рекреативна инфраструктура во комплексот на поранешната касарна. Градиме Адреналински парк, памп патека, голф терени и трим патека. Охрид ќе биде град каде што спортот и физичкото образование ќе бидат примарни за здравјето и начинот на живот на сите граѓани. Предвидуваме воведување вон наставни спортски активности во основните и средните училишта, преку програми за спорт. Поттикнуваме изградба и обнова на училишните спортски сали и терени и обезбедуваме изградба на нови малски игралишта и баскет терени. Планираме поголем развој на училишни и ученички спортски клубови и подготвуваме проекти за подобри условите за развој на водените спортови, во согласност со потребите на клубовите за водени спортови. Имаме планови за вистински развој и напредок на Охрид. Затоа во недела на 17-ти октомври да ја дадеме нашата поддршка за коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Да го заокружиме бројот 12 за уште една голема победа за Охрид!, повика Георгиевски.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK