Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ВМРО ДПМНЕ: Нашата визија е Охрид да стане функционално, ефикасно и модерно место за живеење

ВМРО ДПМНЕ: Нашата визија е Охрид да стане функционално, ефикасно и модерно место за живеење

Сподели

Нашата визија е Охрид да стане функционално, ефикасно и модерно место за живеење во секој еден негов дел. За таа цел гарантираме проекти, рече на денешната прес конференција  Билјана Тодева-Стојановска, кандидат за член на Советот на Општина Охрид.


Во населбите Билјанини Извори, Даме Груев, Горна Влашка маала и Железничка:
- Изградба на детски игралишта.
Во населбите Видобишта, Бараки и во Илинден:
- Изградба на ново мултифункционално спортско игралиште; Промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците „Ристо Чадо” и „Андреја Јованоски”.
Во населба 15 Корпус:
- Поставување на забавувачи на брзина на улица „Кленоец“.
Во населбите Далјан, Воска и Лескајца:
- Реконструкција на ПОУ „Свети Климент Охридски” и партерно уредување, Изградба и реконструкција на современи детски игралишта, Реконструкција на пешачка патека Лабино-Далјан, Партерно уредување на речното корито на река Грашница.
Во Подмоље:
- Изградба и реконструкција на канализационен систем, Поставување автобуски постојки.
Во Рача:
- Уредување на корито од реката што поминува низ Рача, Асфалтирање на главни и споредни улици и изградба на тротоари.
Во Коњско:
- Изградба на рекреативна патека, Поставување автобуски постојки.

Во Елшани:
- Изградба и реконструкција на детско игралиште, Изградба на пешачка патека.
Во Пештани:
- Доизградба на кејот на брегот на езерото, Реконструкција на отвореното спортско игралиште во рамки на ОУ „Свети Наум Охридски“.
Во Трпејца:
- Реконструкција на ПОУ „Свети Наум Охридски”, Изградба и реконструкција на канализационен систем.
Во Љубаништа:
- Изведба на пешачка патека од Љубаништа до Автокамп Љубаништа, Санирање на Домот.
Во Вапила:
- Санација на металната ограда на мостот, Поставување на водоводна мрежа.
Во Ливоишта:
- Чистење и уредување на речното корито, Изведба на резервоар за питка вода и целосно одделување на водоводниот систем од Вапила.
Во Куратица:
- Изградба на нов водовод, Асфалтирање на патот до црквата Света Богородица, Тампонирање на патот од Куратица до Злести.
И ова не се сите проекти, туку само дел од програмата „За Охрид Гарантираме“.
Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи!
7 за проекти во цел Охрид!
7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK