Сре12012021

Последна промена09:48:53 AM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Пецаков ветува фотоволтаични панели на спортската сала, базенот и на трибина на Градскиот стадион

Пецаков ветува фотоволтаични панели на спортската сала, базенот и на трибина на Градскиот стадион

Сподели

Квалитетно изработената урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а пак уредувањето на просторот и неговото планирање во договор со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков.


ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ НАМЕНЕТИ ЗА РИДСКО-ПЛАНИНСКИТЕ МЕСТА
Обезбедувањето сигурни и стабилни извори на енергија станува еден од најголемите проблеми со кои се соочува развојот на современите технологии за производство на електрична енергија. Наша определба е да вложуваме во зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Во таа насока има да обезбедиме проектна документација за поставување фотоволтаични панели наменети за ридско-планинските места коишто не можат да се користат за други наменети.
Со ПОСТАВУВАЊЕ ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ значително се намалуваат трошоците за електрична енергија, се зголемува вредноста на објектите и се дава значителен придонес кон заштитата на животната средина. Технолошкиот напредок докажа дека фотоволтаичните панели не само што се прифатлива опција, туку се и најлогичен чекор којшто може да се преземе за да се остварат заштеди на енергија. Овој проект опфаќа поставување на фотоволтаични панели на спортските објекти, со чие поставување ќе се добие поголема енергетска ефикасност. Истите ќе бидат поставени на: спортската сала „Билјанини извори“, на базенот и на трибина на Градскиот стадион.
Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи!
7 за уште поубедлива победа на 31 октомври, повика Пецаков. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK