Сре12012021

Последна промена09:48:53 AM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Геогиески ветува нова пешачко – рекреативна патека од паркот „Билјанини извори“ до Спортско рекреативен центар

Геогиески ветува нова пешачко – рекреативна патека од паркот „Билјанини извори“ до Спортско рекреативен центар

Сподели

Охрид добива нова пешачко – рекреативна патека од паркот „Билјанини извори“ до истоимениот Спортско рекреативен центар, ветува кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Константин Георгиески.


Според идејното решение, должината на патеката е 265 метри и предвидено е да има аморфна форма со променлива ширина. Планирано е да биде опремена со модерна урбана опрема и осветлување.
Патеката ќе биде одделена од каналот со зелен појас од висока и ниска вегетација со што се обезбедува безбедност на посетителите.
На западната страна е предвидено да има и велосипедска патека за да има целосно рационално користење на просторот.
Нудиме квалитетни и издржани проекти кои се од големо значење за Охрид како туристички и културен центар. Ја имаме најдобрата програма за нашата општина, вели Георгиески.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK