Пецаков ветува ревитализација на Студенчишкото блато
- Детали
- Објавено на Петок, 22 Октомври 2021 18:43
Во рамките на ревитализацијата e опфатено и воспоставување поврзаност меѓу Студенчишкото Блато и Охридското Езеро преку канали, ветува кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков.
Просторот околу нив има да биде партерно уреден со пешачки патеки и пропратни елементи, инфо табли со презентирани информации поврзани со блатото. На одредени точки поставување и видиковци од каде што посетителите добиваат подобра слика за целиот простор.
Целта на овој проект е заштита на рибниот фонд, со посебен акцент на заштита
на ендемичната охридска пастрмка, зголемување на протокот на вода, зачувување на растителниот и животинскиот свет, мрестот на крапот и гнездењето на птиците. На тој начин се обезбедува зачувување на целокупниот езерски екосистем и влез на општина Охрид во биосферен резерват, вели Пецаков.