Казнети шест возачи, кои возеле под дејство на алкохол
- Детали
- Објавено на Сабота, 23 Октомври 2021 12:09
Шест возачи казнети за возење под дејство на алкохол.
На 22/23.10.2021 година од 22 до 04 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници регистрирале и санкционирале 06 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-01, Струга-01, Дебар-04), информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.