Вто01182022

Последна промена03:50:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Одземена лиценца за проектирање на градежна компанија од Охрид

Одземена лиценца за проектирање на градежна компанија од Охрид

Сподели

Министерството за транспорт и врски му ја одзеде А лиценца за проектирање на градби од прва категорија на градежната компанија  „Ремис“, јавува Фактор. 

 

Централниот регистар изминатите денови го одобрило решението на министерството како правосилно. Решението правосилно стапува на сила од 23 септември и од тогаш компанијата е суспендирана една година, односно толкав период нема да може да ја извршува дејноста проектирање на градби.

Инаку решението е донесено во март 2019, но дури сега станува правосилно. Лиценцата е со важност од март 2018 до март 2025, но во меѓувреме е суспендирана за една година. Илоски за истиот период нема да може да основа друго претпријатие кое ќе ја извршува истата дејност.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека се работи за одземање на лиценца поради тоа што „Ремис“ го немал потребниот број на вработени инжинери. По лиценцата за проектирање на градби „Ремис“ се жалел но пресудата била во корист на министерството. Истовремено, од министерството велат дека А лиценцата за надзор на градежната компанија е истечена, додека стопирана е и А лиценцата за изведба поради немање на доволен број на инженери. За последната лиценца во тек е жалбената постапка од компанијата на Илкоски, пренесува Фактор. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK