Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Охрид На Охрид му е потребен Дневен центар за деца со церебрална парализа

На Охрид му е потребен Дневен центар за деца со церебрална парализа

Сподели

Децата со церебрална парализа од Охрид се соочуваат со изолација.

Тие се исклучени од образовниот процес, а во општината нема Дневен центар за згрижување на оваа категорија деца, се жалат родителите. 

Велат долги години бараат од локалната самоуправа да им додели простор за да може да се изгради соодветен Дневен центар за децата со церебрална парализа.

 -„Имавме средба со градоначалник Кирил Пецаков, уште во изборната кампања во ноември лани, тој кажа дека од срце ќе ни помогне за реализирање на еден таков проект. Ни вети дека  ќе  ни се додели простор во поранешната касарна во Охрид. Да бидам искрена пред неколку недели кога дојде евроамбасадорот Дејвид Гир со кнедла во грлото гледав како се претставува просторот кај касарната за старт ап, не разбрав точно за што и се плашиме  да не останиме без простории. Потребен ни е Дневен центар за нашите деца да излезат од дома затоа што никој не заслужува да живее во изолација. се надеваме дека градоначалникот ќе го одржи ветувањето“, вели Весна Габелоска родител на дете со церебрална парализа.

-„Како локална власт ќе направиме се за подобрување на условите на живот на децата со церебрална парализа. Ќе доделиме простор за изградба на Дневен центар за згрижување и рехабилитација на децата со церебрална парализа. Тие простории ќе бидат во поранешната касарна“, рече градоначалникот Кирил Пецаков во изјава за Охриднет. 

Децата со церебрална парализа се соочуваат со секојдневни бариери и безброј проблеми. 

- „Сегде има скали. Болницата на втор спрат е детско одделние како некој со дете во количка да се качи на втор спрат кога лифт нема, секогаш е расипан и не работи. Тоа е висок степен на дискриминација правото на здравствена нега го имаме , а всушност  не може да го оствариме. Тоа се решава на едноставен начин треба само добра волја, свест и совест на приземје може да се пподготви една просторија за овие дечиња и јас знам дека докторите нема да имаат никаков проблем кога се работи за вакво дете, да слезат да го прегледаат и да му се даде соодветна терапија“, вели Габелоска. 

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK