Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охрид подготвен за Водици, повеќе медицински тимови ќе се грижат за капачите

Охрид подготвен за Водици, повеќе медицински тимови ќе се грижат за капачите

Сподели

Охрид се подготвува за празникот Богојавление Водици. Осветувањето на водите на Охридското езеро е круна на новогодишните празнувања.

Годинава празникот го организира општината заедно со Дебараско кичевската епархија. Со почитување и запазување на мерките за заштита од Ковид 19 ќе продолжи вековната традиција.

Викендов нуркачите го расчистуваат дното на градското пристаниште. Времето ќе биде прилично студено , температурата на водата е 7 степени, а температурата на воздухот се очечкува да биде околу 4 степени. Ќе има бесплатни медицински прегледи за капачите а апелот е кратко да се задржат во вода и да не конзумираат алккхол.

Ќе биде суво нема да има врнежи според прогнозите кои ги имаме, но сепак треба претпазливост. За сите оние кои ќе влегуваат во вода да не се задржуваат повеќе од три минути. Доколку чувствуваат некои здравствени проблеми, доколку чувствуваат некоја слабост да не влегуваат во водите на Охридското езеро. Оние кои влегуваат да носат обувки за да не дојде до посекотини и да носат сува облека. За оние кои се надвор да носат повеќе слојна облека и секако и да конзумираат топли безалкохолни напитоци“, вели Сашо Точков. претседател на Црвен крст Охрид.

Се очекува голем број верници да бидат дел од најмасовната црковно народна манифестација во земјава. Медицинските тимови на Црвенит крст ке се грижат за безбедноста на капачите и посетителите.

 „На целиот настан за безбедноста ќе се грижи Црвениот крст со своите тимови, потпомогнати од Итната медицинска помош, Со пет медицински тимови вкупно ќе се обезбедуваат оние кои влегуваат во Охридското езеро со четири тима на спасители вдолж крајбреѓието и со два тима на спасители во спасителни чамци. Она што е битно и што секоја година го кажуваме, оваа година дополнително треба да се внимава пред се на протоколите кои што се за заштита од Ковид 19. Ќе има многу народ и сите кои ќе се присутни треба да бидат внимателни да носат заштитни маски, да држат дистанца и да не се групираат во поголеми групи“, додава Точков.

Точно во 10 часот од Светилникот на пристаниште Дебарско- Кичевскиот митрополит г. г Тимотеј ќе го положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Новинар Соња Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK