Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Пациент ја давел докторката, оти долго чекал за преглед

Пациент ја давел докторката, оти долго чекал за преглед

Сподели

 Лекарка од Инфективното одделение во Општата болница во Охрид ноќеска за време на дежурство била нападната од пациент кој бил револтиран оти чекал долго време за преглед.

Револтиран најпрво вербално а потоа и физички се пресметал со лекарката при што ја фатил за врат но за среќа останатите присутни спречиле да не дојде до поголем инцидент. Лекарката била во поодминати години пред пензија. „Докторката е нападната, најпрвин вербално а потоа почнал да ја дави. Пријавено е во полиција. Во амбулантата во овој период има гужви. Докторката не е крива за тоа. Дневно и по 70 лица чекаат за преглед на Инфективното одделение. Ова е навистина недозволиво во време кога лекарите неуморно се справуваат со коронавирусот. Лекарката со години е посветена на пациентите и е една од најсовесните и најдобрите“, вели директорот Горан Балески. Тој додава дека нападите врз медицинскиот персонал се се почести. „Викање наврди врз лекарите и медицинскиот персонал веќе стануваат многу честа појава“, вели Балески. Случајот утрово е пријавен во полиција и по него се постапува. „Денеска во 09.19 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во Инфективното одделение во Охрид, едно лице најнапред вербално, а потоа и физички нападнало вработена на oдделението. СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот“, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Според Законот за здравствена заштита, напад на лекар се санкционира како напад на службено лице и преставува кривично дело.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK