Активистите од Чист Охрид го „светнаа“ брегот во Далјан
- Детали
- Објавено на Понеделник, 17 Јануари 2022 09:32
Дваесеттина активисти денеска собраа над 50 големи вреќи со ѓубре од крајбрежјето кај Далјан.
Во организација на Чист Охрид и Не Биди Ѓубре, а заедно со Енхелеус и останати граѓани на крајбрежјето кај плажите Партизан и Мизо собравме најразличен отпад, од цврст отпад, па се до пластика. Продолжуваме заедно да работиме за поубав и чист Охрид, велат од Чист Охрид.