Градоначалникот Кирил Пецаков денес на терен заедно со Мицковски
- Детали
- Објавено на Сабота, 07 Мај 2022 19:08
Градоначалникот Кирил Пецаков денес на терен заедно со Мицковски.
-Денеска посетивме неколку локации каде се одвиваат градежни активности.
Во Лескоец се работи на изведба на фекална канализација. Овој проект беше ветуван многу пати во минатото, но никој не го реализира до сега. Проектните и градежните активности за реализација на овој проект во целост ги извршува ЈП Нискоградна-Охрид. Вредноста на овој проект изнесува околу 1.700 000 денари а средствата се во целост обезбедени од Буџетот на Општина Охрид преку Програмата за изградба на канализациони мрежи и системи за одводнување на територијата на Општина Охрид.
Потоа ги посетивме улиците ,,Момчило Јорданоски" и ,,Даме Груев". Проектот за реконструкција на улиците Даме Груев (три краци) и дел од улицата Момчило Јорданоски е дел од проектот на Општина Охрид со Центарот за развој на југозападниот плански регион за подобрување и развој на локалната патна инфраструктура во Општина Охрид .Вкупната вредност на овој проект изнесува 21.158 860 денари.
Бевме на увид и на градежните активности кои се одвиваат на Булеварот ,, Македонски Просветители". Тука веќе се работи третата фаза, односно се поставуваат камените коцки на потегот пред поштата.
На крај од обиколката бевме, во Стариот дел на градот, на улицата ,,Климентов универзитет" и во Богородица Перивлепта, каде се прередија коцките и се реконструира потпорните ѕидови, информира градоначалникот Кирил Пецаков.
Реконструкцијата на улиците е дел од проектот на Општина Охрид со Центарот за развој на југозападниот плански регион за подобрување и развој на локалната патна инфраструктура. По барање на жители се гради и атмосферска канализација за собирање на атмосферски води од станбени локови. Подобрување и санирање на недостатоци на проектот – јавно осветлување, поставување на систем за наводнување, промена на водоводна мрежа, приклучоци на објектите што постојат на трасата, промена и санација на мрежата на фекална и атмосферска канализација, инсталации на кабелски, електрични и телекомуникациски оператори.
Во Црква Св. Богородица Перивлепта преуредување на калдрма, реконструкција на ул. Кузман Капидан и реконструкција на стари потпорни ѕидови, информираше Мицковски.