Нед07032022

Последна промена05:58:40 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид СДСМ Обвинува: Пецаков се кити со туѓи перја

СДСМ Обвинува: Пецаков се кити со туѓи перја

Сподели

СДСМ Охрид обвинува: Пецаков се кити со туѓи перја.

" КИТЕЊЕ СО ТУЃИ ПЕРЈА" е она што очигледно Градоначалниците на Мицковски единствено го умеат !

Дошол лидерот на ДПМНЕ денес да се фотографира на нешто што како проект веќе постоеше од претходната локална власт предводена од СДСМ.

И зарем навистина мислите дека ОХРИЃАНИ тоа не го гледаат и не го знаат

Да не оставеше изминатата локална власт готови проекти, не ќе знаеше оваа локална власт предводена од ДПМНЕ како да ја скрие неспособноста пред нивниот лидер Мицкоски.

Градежна офанзива во Охрид се случи, ДА ... ТОЧНО дека се случи АМА од минатата локална власт за што се сведоци и граѓаните на град Охрид
Овој проект што го промовираше Мицкоски за фекална канализација во Лескоец, како и проектот за реконструкција на улиците, односно сите проекти од Југозападниот плански регион, се изработени, подготвени и поднесени за финансирање од претходната локална власт предводена од СДСМ.

Да ја потсетиме сегашната локалната власт колку инвестиции се направија уште во првите 100 дена од владеењето на претходната локална власт, што може да се согледа и од самиот отчет на сработеното во првите 100 дена од Градоначалникот Георгиески

За жал, Пецаков во ниту еден момент отчетно не излезе за своите 100 дена, туку гледавме видеа снимани кај нивниот лидер...

Ајде, наместо празни зборови и ветувања со "ќе" , нека каже сегашната локална власт што реализираа во овие шест месеци од она што им ветуваа во предизборната програма на граѓаните за што и добија доверба од нив, а д ане е проект од претходната локална власт, стои во соопштението до јавноста од СДСМ Охрид. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK