Нед07032022

Последна промена05:58:40 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охрид ќе се впише на мапата на светски центри за ПИАСТМ терапија ,прв во Европа

Охрид ќе се впише на мапата на светски центри за ПИАСТМ терапија ,прв во Европа

Сподели

Охрид ќе се впише на мапата на светски центри за ПИАСТМ терапија ,прв во Европа.

Охрид добива неверојатна можност за развој на медицинскиот туризам со низа услуги од педијатрија до геријатрија .
Во текот на следната недела во Охрид, ќе престојува светски реномиранот физиотерапевт Кану Кошик од Кинезио прехаб институтот и ланец клиники од Индија со што се отвараат можности со работа ќе започне и првата ПИАСТМ клиника во Европа .
Кану Кошик е извршен директор на Кинезио прехаб институтот КПИ и ланец на клиники. Во рамките на КПИ се спроведуваат најразлични програми за континуирана едукација за физиотерапевти, работни терапевти, спортски терапевти итн. , а во рамките на клините се третираат најразлични состојби Кану Кошик е креатор на специјална терапија, ПИАСТ , која ја спроведува со неговата патентирана алатка АКСЕЛ. Досега, обучени ПИАСТМ терапевти има голем број азиски земји и Австралија, а во Европа ПИАСТМ пристигнува токму преку Охрид .

Што е ПИАСТМ?
ПИАСТМ е скратеница од Pediatric Instrument Assisted Soft Tissue Mobilization е револиционерна терапија за ослободување на спазамот и контрактурите на лице место. ПИАСТМ терапијата е мануелна терапија која користи уникатна специјално дизајнирана и пантетирана алатка „Accel – акцелерирано лечење“ за подобрување на ограничената мобилност на ткивата , подобрување на флексибилноста на зглобовите, зголемување на рангот на движењата, намалување на контрактурите и како и управување со тактилната одбранбеност кај децата со аутизам. Овој уникатен инструмент ефикасно ги разбива фасцијалните рестрикции и адхезии, а резултати се добиваат уште од првиот третман. Специфичниот притисок како и уникатниот дизајн на алатката, овозможуваат контролирана микро траума на ткивото, со што модрици не се создаваат.
ПИАСТМ е катализатор во рехабилитацијата.Со помош на ПИАСТМ спазамот и контрактурите безболно се опушаат на лице место, со што се зголемува рангот на движење на зглобовите. Со тоа значително се олеснува процесот на реедукација и формирање на моторни шеми кој се следува.

ПИАСТМ делува на:

 

  • Кожата
  • Нервниот систем
  • Фасцијата
  • Мускулите
  • Зглобовите
  • Циркулаторниот систем
  • Кому може да се помогне ?
  •  Деца со церебрална парализа со спастицитет и мускулни контрактури.
  •  Аутистични деца со тактилна дисфункција
  •  Одење со прсти (поради стегање на мускулите на потколеницата)
  •  Тортиколис
  •  Проблеми со постурата и сколиоза
  •  Клубско стапало
  •  Спортски повреди кај деца кои предизвикуваат повреда на коленото
  •  медијален епикондилитис
  •  латерален епикондилитис
  •  плантарен фасциитис
  •  тендинитис на ротирачката манжетна
  • пателарен тендинитис


Покрај кај педијатритската популација, оваа техника се користи и кај возрасната популација, како значаен додаток на рехабилитацијата, како и кај спортистите за брзо оправување од спортски повреди и маскимизирање спортскиот преформанс.
За Кану Кошик
Кану Кошик има 15 годишно плодно искуство на полето на физиотерапијата , како во практична работа така и во истражувања. Магистер по спортска физоотерапија,како и постдипломски студии во промотивна и превентивна здравствена заштита. Во рамките на ланецот клиники Кану работи како:

  • главен консултант за педијатриска физиотерапија во педијатрискиот оддел на Клауд Најн Детска Болница во Бенгалуру каде неговиот тим спроведува педијатриска физооретапија
  • Рехабилитација на спортисти од националните тимови во Индија, во Кинезио Прехаб Клиника Спорт рехаб центар и заради исклучителниот успех добитник на награда за клиничка екселенција во спортсак физиотерапија во 2022 година
  • Одговорен Кинезио прехаб канцер рехаб клиника
  • Во рамките на ланецот клиники со франшиза од КПИ работаат многубројни клиники за онколошка рехабилитација , физиотерапија за варикозни вени и ПИАСТ терапија во Индија и другите Азиски земји, а наскоро и во Охрид.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK