Нед07032022

Последна промена05:58:40 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Успешен настап на младите атлетичари на АК "Охрид трчаТ" на Светскиот ден на атлетиката

Успешен настап на младите атлетичари на АК "Охрид трчаТ" на Светскиот ден на атлетиката

Сподели

Изминатиот викенд во организација на Атлетска федерација на  Македонија во Скопје се организараше атлетски митинг "Светски ден на атлетиката" кој беше наменет за неколку категории на атлетичари и тоа сениори/ки, млади малдинци/ки и Детска атлетика во двете категории 7/8 години и 9/10 години.

На истиот натпревар членовите на АК "Охрид трчаТ" учествуваа со 42 атлетичари кои настапија во сите споменати категории. Претставниците на клубот забележаа значајни резултати и тоа во сите категории од кои би сакале да ви ги истакниме следните:
1. Детска атлетика категорија 9/10 години - екипно прво место
2. Детска атлетика категорија 7/8 години - екипно 5 место
3. 100 метри сениори Владимир Пердулоски - трето место
4. Скок во далечина сениори Владимир Пердулоски - прво место
5. 100 метри млади младинки Јана Димоска - трето место
6. 800 метри млади мадинки Софија Балоска - второ место, додека на истата дисциплина Ангела Ѓоршеска го освои третото место
7. Скок во височина млади младинци Бојан Секулоски - трето место
8. Скок во височина млади младинки Софија Коруноска- второ место додека Матеа Матеска - трето место.
Успешниот настап на младите атлетичари на АК "Охрид трчаТ" го надополнија и другите наши атлетичари кои постигнаа одлични резултати за нивната возраст и скоро сите си ги подобрија своите лични рекорди.
Претстојниот викенд пред нас е уште еден атлетски натпревар, државно пионерско првенство, на кој очекуваме нашите атлетичарчиња да постигнат одлични резултати.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK