Нед07032022

Последна промена05:58:40 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Презентиран проектот „Кон транспарентна полиција“

Презентиран проектот „Кон транспарентна полиција“

Сподели

Денес во општина Охрид беше презентиран проектот ,,Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Македонија” реализиран од Центарот за европски стратегии ЕВРОТИНК со финансиска поддршка од САД.

Полицијата има незаменлива улога во одржувањето на јавниот ред и мир, спроведувањето на законите, заштитата на човековите права и безбедноста на државните граници.

 

Со одлука на Советот на Општина Охрид на 10-тата седница (18.4.2022) е формиран Локалeн Совет за превенција (ЛСП) за подрачјето на Охрид кој има за цел да изгради безбедна средина за живеење на локално ниво преку препознавање на локалните проблеми и градење на локални стратегии за решавање на проблемите со адекватно вклучување на надлежните субјекти. Одржувањето вакви настани се од особено значење и придонесуваат за подобрување на јавното мислење и разбирање во однос на отчетноста на полициската организација преку зголемен степен на надзор и дијалог со цел подобрено носење и спроведување политики кои ја засегаат јавната безбедност.Од мое лично име и од името на Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид посакувам успешен работен ден и донесување важни заклучоци кои се во насока на потранспарентна и поотчетна полиција, , истакна советникот Перчо Божиноски.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK