Нед07032022

Последна промена05:58:40 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Пецаков: Работиме по препораките за зачувување на статусот на Унеско

Пецаков: Работиме по препораките за зачувување на статусот на Унеско

Сподели

Општина Охрид засилено работи на зачувување на статусот на Унеско. Градоначаликот Пецаков вели се работи на секоја препорака одделно.

Набрзо ќе следи Планот за управување и заштита на Студенчишкото блато. Започна и решавањето на еден од најгорливите децениски проблеми, тоа се дивите депонии.

Југозападниот регион ќе формира ново, Јавно меѓуопштинско претпријатие за транспорт на сметот. Со изградбата на депонијата во Новаци во иднина ќе се затворат охридската и струшката, како и сите останати диви локации, кои предизвикуваат загадување на животната средина, што е една од клучните препораки на УНЕСКО. Поставени се метални решетки на сите реки кои се сливаат во Охридското езеро со цел да се намали загадувањето.

„Најважно за нас како држава и како општина е дека имаме одлична соработка и заеднички учествуваме во спорведувањето на препораките и мислам дека на крај ќе имаме успех, меѓутоа затоа работиме извештај по извештај, дел по дел. Меѓутоа проблем е кога има 30 години да прваиш нешто кое што не е уредено и нема правила по стандарди на Унеско и сега во две или четири години да ги решаваме. Но со наши напори се надевам дека од Унеско ќе имаме слух и се ќе биде како што треба“ , вели Пецаков.

Планот за управување со охридското крајбрежје е следното нешто на што се работи, а е од суштинско значење и деталните урбанистички планови, најави Пецаков.

„Урбанизмот секако, или оној дел кој уназад бодел очи во Унеско или сме правеле така како што не треба би рекол дека тоа горе-долу или со 90 % уредено останува уште мали финеси по однос на спратноста или искористеноста на парцелата. Сега имавме претставници ос светското здружение на архитекти од страна на Унеско испратени по однос на објектот Плас, бидејќи и тој е заштитен и се размислува на кој начин би се реставрирал врз основа на статиката на објектот“, вели Пецаков.

Што се однесува пак до плажите и ова лето нема да има уредени капалишта бидејќи Агенцијата за просторно планирање се уште го нема изработено планот. Уредени плажи по сите еколошки стандарди според УНЕСКО ќе има догодина велат од локалната кои најавија дека работат на препораките Охрид да не се најде на листата загрозени подрачја.

Новинар Соња Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK