Нед07032022

Последна промена05:58:40 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Во Охрид се одбележа Денот на пожаникарите

Во Охрид се одбележа Денот на пожаникарите

Сподели

Во Охрид се одбележа Денот на пожарникатите. По тој повод беше презентирана показна симулативна вежба извлекување на поведени во тешка сообраќајна несреќа.

Статистички гледано во Охрид годишно се случуваат од 390 до 420 интервенции. Во пресрет на летото и сушниот период пожарникарите повикаа граѓаните да бидат посовесни и одговорни.

-„ Овој период немаме некој поголем нтензитет на пожари посебно пожари на отворен простор бидејќи вегетацијата е веќе зазелената меѓутоа во наредниот период се очекуваат. Статистички изминатите години пожарите се двиат горе долу приближно иста бројка. Еве и денеска јавно апелирам од нашиот дом да внимаваат да не ги палат стрништата“, вели Борко Јанкулоски командир на Територијална противпожрна единица Охрид.

Најкритично место за интервениање е стариот дел на градот, поради тесните улички и сокаци каде нема пристап на противпожарните возила. На градот му е потребно помало мобилно противпожарно возило.

„Накритични места се сообраќајните незгоди каде што има повредени каде секоја минута на извлекување е битна се работи за живот, исто и пожарите на отворен простор. Ризично подрачје за делување е стариот дел на градот со културни знаменитости од непроценливо значење. Се надеваме во блиска иднина дека ќе се набави едно мало возило со кое би се олеснила работата барем на тој потег од градот“, додава Јанкулоски.

Во Охрид има 38 пожарникари, за комплетирање на службата недостигаат уште шест пожарникари бидејќи се покрива и територијата на општина Дебарца. Во поглед на опрема преку проект на УНДП набавени се десетина одела и шлемови за шумски интервенции.

Новинар Соња Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK