Нед07032022

Последна промена05:58:40 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Дуќаните во туристичките центри ќе работат во недела

Дуќаните во туристичките центри ќе работат во недела

Сподели

Министерството за економија предложи до Собранието измени и дополнувања на Законот за трговија со кои се овозможува работа во недела и празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, кажа министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на охридско-струшкиот регион.

Министерот Бектеши при обиколката на Охридската чаршија каде оствари средба со стопанствениците истакна деке законските измени се веќе во собраниска процедура. Во зависност од работата на Собранието очекува најмногу за две недели овие законски измени да бидат изгласани и да стапат на сила со почетокот на туристичката сезона.

Измените на Законот за трговија во делот на „Недела неработен ден“ се во собраниска процедура. Со нив им се дава можност на сите трговци во туристичките места да можат да работат и во недела и празници преку целата година. Овие измени дополнително ќе ја поттикнат економската активност во земјата, посебно во туристичките места – кажа министерот Бектеши.

Работниците ќе добијат 100% повисока дневница.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK