Автомобил удри велосипедист
- Детали
- Објавено на Недела, 22 Мај 2022 21:24
Возило удри велосипедист.
На 21.05.2022 година во 10.50 часот на крстосницата од булеварот „Туристичка“ со улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид, патничко моторно возило „фолксфаген артеон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(42) од Охрид, удрило во велосипедист Х.А.(78) од Охрид. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Х.А. кој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.