Нед07032022

Последна промена05:58:40 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Заврши исплатата на ученичките и студентските стипендии

Заврши исплатата на ученичките и студентските стипендии

Сподели

Заврши исплатата на ученичките и студентските стипендии, за кои од буџетот на Општина Охрид беа наменети вкупно 3.928.500 денари.

 

Деновиве беше извршена исплатата на последните три рати од стипендиите кои се доделуваат за период од 9 месеци.

Исплатени се вкупно 137 стипендии за ученици од основно образование во вкупен износ од 1.849.500 и 92 стипендии за ученици од средно образование со вкупен износ од 1.242.000 денари. На 15 студенти им се исплатени вкупно 405.000 денари, а на 30 лица со посебни потреби и ретки болести им се исплатени вкупно 432.000 денари.

Доделувањето на стипендиите кое беше извршено врз основа на јавни конкурси е во насока на мотивација на талентираните ученици и учениците со посебни достигнувања, за помош и поддршка на ученици и студенти кои живеат во потешки социјални услови. Оваа година за прв пат беа предвидени стипендии за лица со посебни потреби и ретки болести.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK