Сре07082020

Последна промена12:10:15 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Болницата “Свети Еразмо” ќе прерасне во Балкански здравствен центар

Болницата “Свети Еразмо” ќе прерасне во Балкански здравствен центар

Сподели

Охрид ќе добие Балкански регионален здравствен центар за колено, ортопедија, трауматологија и кардиологија.

 

Се спојуваат двете регионални болници Заводот за кардиоваскуларни заболувања и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија.  На едно место во “Свети Еразмо”  пациентите ќе добиваат поквалитетна услуга,  а ќе се намалат и трошоците  на здравствените установи.

- Заеднички служби ќе имаме кои се неопходни а секој ќе си ја обавува својата работа паралелно. Ние нашиот дел ортопедско трауматолошкиот, неврохируршкиот,  уролошкиот,  физикалната рехабилитација ќе биде заедничка а кардиолошкиот ќе си ги работи своите процесури,  ,изјави Митко Тилев директор на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Свети Еразмо”.

Ќе се доградува објектот од 2000 метри квадратни, каде  ќе се всели Заводот за кардиоваскуларни заболувања, а воедно ќе се реновираат и одделенијата на болницата за ортопедија и трауматологија. Со овој комлекс Охрид ќе развива здравствен туризам.

-  И  двете установи Заводот за кардиоваскуларни заболувања и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија ќе добијат современи простории и апаратура за понатамошен развој на дејноста. Ова се институции со кои може да се гордее не само здравството во Охрид туку и здравството во Македонија, изјави Никола Бакрачески градоначалник на Охрид.

Изградбата на болничкиот  комплекс, кој ќе биде опремен  со современа апаратура  се очекува да започне годинава, за што министерството за здравство веќе издвои средства.

 

Новинар Соња Рилковска

Канал 5

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK