Сре07082020

Последна промена12:10:15 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Средства за рурален туризам има но не се користат

Средства за рурален туризам има но не се користат

Сподели

Одделението за локален економски развој и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделието при Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид, согласно својата стратегија за интензивирање на локалниоит економски развој, започнаа со реализација на едукативни работилници  за можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД  програмата ( 2007- 2013 ) .

 

Во склоп на овие активности во селото Куратица  на 24- ти февруари се одржа едукативна работилница за селата Опеница, Завој, Плаќе, Речица и Свиништа,  додека на 25-ти февруари  во   Долно Лакочереј едукативна работилница се одржа за жителите на селата Горно Лакочереј, Орман и населбата Радојца Новичиќ.

-Невероватно звучи податокот ако знаеме дека само на потегот од Опеница до Љубаништа граѓаните инвестираат во изградба или адаптација на голем број на објекти во делот на туристичко- угостителските услуги а ниту еден од нив до сега не ги искористил поволностите што ги нуди оваа програма во мерката 302 за добивање на финансиски средства за кофинансирање на истите. Тоа е случај на целата територија на општината – истакна на средбите Горан Мицкоски од Секторот за туризам и локален економски развој.

Земјоделците, производителите на храна, инвеститорите во делот на руралниот туризам и угостителски капацитети, најдиректно беа запознати со можностите кои ги нуди ИПАРД програмата, начинот и условите на аплицирање и потребната документација за Јавниот повик 1/2014 кој ги опфаќа инвестициите на земјоделски стопанства за преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија, инвестициите за преработка на земјоделки и рибни производи за преструктуирање и надгрдба до стандардите на Европската Унија и диверзификација и развој на рурални економски активнос

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK