Сре07082020

Последна промена01:31:03 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Ќе се отвораат амбуланти и здравствени пунктови во охридските села

Ќе се отвораат амбуланти и здравствени пунктови во охридските села

Сподели

Во изминатиов период, односно од почетокот на Jануари 2014 година, Ј3У 3дравствен Дом Охрид го спроведува проектот на Владата на РМ „ Рурален доктор„ на подрачjето на Општина Охрид и Општина Дебарца.

Целта на овоj проект е доближување на здравствената деjност на примарно ниво до целокупното население. Од тие причини и Здравствениот Дом е должен да организира вpшeњe на здравствена деjност на примарно ниво во населени места надвор од своето седиште. Континуирано, согласно утврдена Програма , со одредена динамика се посетуваат сите села во двете Општини од страна на медицински тим составен од доктор по медицина и медицинска сестра. Медицинскиот тим врши лекарски прегледи, советувања и други видови на здравствени услуги со цел утврдување, проверување и следење на здравствената состоjба на пацинетите. За кратко време ќе профункционираат и амбуланите во село Требеништа, Мешеишта, Куратица, Трпеjца и Љубаништа. Исто така J3У Здравствен Дом Охрид е во контакт со градоначалниците на двете Општини од каде се бара одредени простории во училиштата и домовите во некои села да се отворат здравствени пунктови каде ќе може лекарскиот тим да врши преглед на населението.Во изминативе два месеци се прегпедани околу 320 пацинети од овие две општини во руралните предели.

Напоредно со овоj проект, Ј3У 3дравствен Дом Охрид од месец Ноември 2013 година преку своjата Служба за поливалентна патронажа спроведува акциjа во овие две општини со домашни посети на стари и изнемоштени лица. Во домашни услови, патронажната сестра го контролира притисокот, шеќерот во крвта и се даваат совети на старите лица за спроведувње на хигиенско — диететски режим на исхрана. Во овоj период се посетени околу 2000 лица во двете општини. Овие посети на стари и изнамоштени лица со иста динамика ќе продолжат во наредниот период.

Овие два проекти на Владата на РМ и Министерството за здравство се прифатени и поздравени од населението на двете општини бидеjќи основната цел е доближување на здравствената деjност до населението од сите население места се остварува и дава позитивен ефект.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK