Чет07092020

Последна промена06:42:33 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ВЕЧЕР: Гроб со злато во златната соба во Охрид

ВЕЧЕР: Гроб со злато во златната соба во Охрид

Сподели

ВЕЧЕР ексклузивно дознава дека во Охрид ќе биде изложен гроб со злато! И тоа во таканаречената "Златна соба" во Куќата на Робевци, која ќе се отвори до крајот на годинава.

Таму ќе бидат изложени сите златни предмети кои сега се во депоата на Завод и Музеј на Охрид, како Златната маска и златен накит, а гробот ќе биде изложен со целото злато најдено во него!

- "Гробот ќе биде оригинал презентиран", велат за ВЕЧЕР од Завод и Музеј. Останатите, над 400 експонати пронајдени при археолошките ископувања на локалитетите во Охрид и охридскиот крај ќе бидат сместени во повеќе витрини.

- "Златната соба е веќе готова. До крајот на годинава ќе биде отворена", вели директорката на охридскиот Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска.

Исто така финишира и изработката на каталогот кој беше единствената причина поради која се пролонгираа најавите за отворањето на Златната соба. Според раководството на Завод и Музеј потребно било долг период за да се изработи ова луксузно издание кое на 400 страници ќе дава опис, димензии и фотографии за секој предмет посебно.

Просторијата во која ќе биде изложена една од најскапоцените музејски поставки во Македонија ќе биде максимално обезбедена со најсовремена апаратура за заштита.

"Златната соба ќе биде и соодветно обезбедена. Ќе биде употребена најсовремена апаратура за заштита според европски стандарди. Златната соба ќе ги има сите можни обезбедувања, видеонадзор, физичко обезбедување, аларм", вели Бунташеска.

Охридското злато ќе се користи и за презентација на културно наследство и надвор од Македонија.

"Како и иконите што не претставуваат надвор од државата може и дел од овие предмети да се користат за таа цел. Златната маска беше однесена на изложбата во Холандија", информира Бунташеска.

Златната соба е проект финансиран од сопствени средства на Завод и Музеј и од Министерството за култура.Извор Вечер 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK