Сре07082020

Последна промена01:41:43 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Се санираат улиците во стар град

Се санираат улиците во стар град

Сподели

По неодамнешната средба на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните од стариот дел на градов  на која беа изнесени нивните проблеми од областа на  инфраструктурата, денеска  охридските јавни претпријатија “Градски гробишта“ и “Ниско градба“  започнаа  акција на санирање на оштетените делови низ улиците од стариот дел на градот.

 

Градежните активности започнаа од просторот кај малиот плоштад и ќе се одвиваат по целата должина на улицата “Коста  Абраш“ до црквата Св. Софија при што ќе се   преуредуваат  коцките од калдрмата  таму каде има нејзино оштетување, а просторот околу црквата партерно ќе се уредува.  Паралелно со активностите на  улицата “Коста Абраш“ се врши санација на оштетувањата и на улицата “Цар  Самоил“ по што  ќе се санираат и оштетувањата на сите останати улички во стариот дел на Охрид.     

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK