Чет07092020

Последна промена06:42:33 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Бизнисмени од Израел заинтересирани за инвестирање во колекторот

Бизнисмени од Израел заинтересирани за инвестирање во колекторот

Сподели

Сопственикот и извршниот директор на израелската компанија ТГВ Холдингс Харел Голст и Офер Гилад, денес беа примени од градоначалникот Никола Бакрачески.

ТГВ Холдингс е една од водечките израелски компании во областа на градежништвото и менаџирање со отпадни води. Гостите од Израел покажаа интерес за инвестирање во колекторскиот систем, а покрај посетата на МЈП Проаква, направија и обиколка на постројките на меѓуопштинското претпријатие. На средбата градоначалникот Бакрачески, ги запозна израелските бизнисмени со досегашните активности, а за утре е закажана заедничка средба во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Заштита на Охридското езеро и функционален колекторски систем е врвен приоритет на градоначалникот Бакрачески и локалната самоуправа. Според досегашните активности на овој план, се предвидува надградба и репарација на постојната инфраструктура со воведување на нова технологија во првата фаза и проширување со изградба на сепарирани системи за Љубаништа, Свети Наум, Трпејца, Пештани, Градиште и на потегот од Елен Камен до Радожда во втората фаза.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK